Роналдо на само еден гол до вечноста!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дефанзивецот Серхио Рамос повторно беше спасител на Реал Мадрид и со својот гол во 81-та минута му донесе важна победа на „кралевите“ против Бетис.

Подогокот против Бетис беше 10-ти за Серхио Рамос оваа сезона во сите натпреварувања и прв пат во кариерата стигна до двоцифрен број на голови во една сезона.

30-годишниот дефанзивец до сега во дресот на „кралевите“ постигна 68 гола и го стигна на листата Роберто Карлос, кога се дефанзивците во прашање.

Стрелец на првиот гол против Бетис беше Кристиано Роналдо кој стигна до бројката од 366 гола во кариерата во најсилните европски лиги.

Така Португалецот се израмни на врвот на вечната листа со Британецот Џејми Гривз кој вкупно има постигнато 357 гола во Англија и 9 во Италија.