М.П.З. Пере Тошев му достави покана на Хари Локвенец да го поддржи маршот против албанската платформа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тројките на терен кои ги посетуваат истакнатите лица со опозициски ставови повторно во акција овој пат во Прилеп. Тие му оставија покана на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец да се придружи на т.н. марш за одбрана на Македонија и да каже не за албанската платформа.

Се надеваме ќе надвладее разумот кај пратеникот на СДСМ, господинот Хари Локвенец, зборуваат додека се пред неговиот дом каде очигледно не е присутен Локвенец туку само неговите деца.

Локвенец преку медиумите се пожали дека активистите на ДПМНЕ ги плашеле неговите деца со нивната посета.

На ова посетителите возвратија дека тој и неговата партија треба да се плашат од нив доколку не се откажат од албанската платформа.

Господине Локвенец, по медиумите сте изјавувале дека сме ги плашеле Вашите деца со нашата посета.
Како што може да се види од видеото, имаше уредна доставена покана да ни се придружите на маршот ПРОТИВ албанската платформа.

Немаше пцовки и навреди кон Вас пред вашата зграда и не му беше ништо речено лошо на Вашето дете.

Културна беше поканата од наша страна, без навреди и заплашување.

Тоа што Вие и некои од Вашата партија се плашите да се соочите со народот заради велепредавството што го правите е Ваш проблем.

Ве уверуваме дека ние никогаш нема да си дозволиме да ви ја заплашуваме фамилијата меѓутоа Вие и Вашата партија треба да се плашите од нас ако не се откажете од албанската платформа, се закануваат од како што се наречени М.П.З. Пере Тошев.