Брука! И Косово ја престигна Македонија на ФИФА листата!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација забележи пад од едно место на ФИФА рант листата и сега се наоѓа на 166-та позиција, што е најлош пласман во нашата историја.

Колку е срамен овој пласман покажува и фактот што сега и селекцијата на Косово е две позиции пред нас на листата.

Од противниците на „црвено-жолтите“ во квалификациската група за СП 2018, најдобро пласирана е Шпанија која е на 10-то место, Италија е 15-та, Албанија се наоѓа на 54 позиција, Израел е 56, а најслабо котира Лихтенштајн кој е на делба на 184 место.

Во ТОП 10 нема промени во однос на февруарското рангирање. Лидер е Аргентина, пред Бразил и Германија. Потоа следуваат Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.