Еве што побара Алегри од раководството за да остане во Јувентус!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иднината на Масимилиано Алгери е главна тема во медиумите веќе подолго време. Англиските медиуми веќе го поставија за наследник на Венгер во Арсенал, додека шпанските тврдат дека е кандидат за клупата на Барселона.

Во Италија се поделени мислењата дали Алегри ќе остане на клупата на „старата дама“, а последните информации говорат дека тој имал средба со раководството и ги поставил своите услови и барања.

Имено, Алегри побарал од упарата да му даде овластување да стане менаџер на Јувентус, односно тој да го има главниот збор за сите транфери во клубот. Притоа, поставил рок до крајот на март клубот да се изјасни за својата одлука.

Притоа, Алегри бара и нов договор, најмалку на уште две години, со што годишната плата да му остане колку сега, односно 5 милиони евра по сезона.

Сеуште не е јасно дали Јувентус ќе ги задоволи желбите на Алегри, но тешко дека ќе се согласи, бидејќи така ќе се намалат овластувањата на оперативецот Бепе Марота, кој е спортски директор во клубот и кој ужива голем углед кај претседателот.