Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Телевизиските камери синоќа забележаа инетерсна ситуација на полувремето помеѓу Наполи и Реал Мадрид, а главен актер беше Кристиано Роналдо.
Наполи на полувремето имаше водство од 1:0 и доминираше на теренот, па и самиот Роналдо не беше задоволен и почна нервозно да им се жали на соиграчите во тунелот.
Камерите го уловија Роналдо како во подтрибинскиот простор нервозно им се жали на Пепе, Бензема, Касемиро и Марсело.
„Не знаеме да се браниме!”, беа зборовите на Роналдо.
Овие зборови како да ги „разбудија“ неговите соиграчи, па во второто полувреме „кралевите“ направија комплетен пресврт.