Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Луѓето во целиот свет користат и фрлаат повеќе од трилион пластични кеси годишно. Многу голем процент од тие кеси загадуваат екосистеми, особено океаните, каде што се претвораат во огромни купишта и го попречуваат нормалниот живот на морските животни.
Многу земји ја забранија нивната употреба. Кина, на пример, забрани употреба на кеси потенки од 0,25 милиметри уште во 2008 година, додека Ирска наметна данок од 15 центи за секоја пластична кеса што ќе ја продадат трговците.
Сепак, овие земји се меѓу исклучоците. Пластичните кеси сè уште се користат во целиот свет и загрижува количината отпад кој се акумулира. Сега благодарение на компанијата Avani од Филипините имаме решение кое не ѝ штети на околината.
Тимот на Avani сфатил дека повеќе биоразградливи кеси се разложуваат на мали делови кои и понатаму се штетни за животните и ја загадуваат водата. Токму затоа работеле на навистина одржливо решение од коренот касава, кој расте на Филипините, пренесува Иновативност.мк.
Кога тој корен го помешале со растително масло во Avani добиле кеси кои навистина се биоразградливи. Нивните кеси брзо се раствораат во вода и се безбедни за животните да ги јадат. Не само што се хранливи за животните, туку и тие го обожаваат вкусот.
Кесите се наречени Eco Bags и Avani планира да креира повеќе производи од тој материјал за да ја исфрли пластиката од употреба како, на пример, садови за храна, чаши и чинии и сл.