Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во овој систем, во кој сега играме, секој си ја знае својата работа и затоа создаваме многу шанси за гол“, вели Белгиецот.
Како да требаше да налета на Антонио Конте, па Един Азар да го покаже најдоброто од својот арсенал на фудбалски вештини. Во секој случај, Белгиецот е голем талент кој игра убедливо најдобар фудбал откако тренер му стана италијанскиот стратег кој му ја најде идеалната улога и позиција.
Во шпицот, чекор зад Диего Коста.
„Многу ми е полесно кога играм во средината, поблиску до Коста и голот на противникот. Кога играм крило, тогаш останувам сам, неупотреблив сум. Тогаш ми е тешко и да надмудрам двајца, тројца играчи, бидејќи имаат простор да ме бркаат. Во овој систем, во кој играме сега, секој си ја знае својата работа и затоа правиме многу шанси за погодоци“, изјави Азар после одличниот меч против Вест Хем, кој го украси со водечки гол.
Посебно изнесе интересно внимание за партнерството на средината со Н’голо Канте, кој исто така игра фантастично оваа сезона.
„Понекогаш ми се чини дека играм со близнаци, бидејќи го има насекаде“, потенцира Азар.
Белгиецот призна дека Конте е клучниот фактор за неговата квалитетна сезона. „Неговиот ентузијазам е феноменален. Секој натпревар е ист, на тренинг е ист како и за време на натпреварите. Признавам, понекогаш не е пријатено, ми се качува на глава со неговите барања, но во суштина е добар човек и врвен тренер. Многу ми помогна. Сега сме на врвот и ќе останеме таму. Имаме уште 11 натпревари, но го сакаме пехарот на Стемфорд Бриџ, тоа е нашата главна цел“, заклучи Азар.