Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот ракометен шампион Вардар вчера попладне загуби од францускиот тим Мец со убедливи 42:28 што претставува најтежок пораз за „црвено-црните“ оваа сезона во Лигата на шампионите.
Вардарки добро почнаа и по десетина минути водеа со 8:6, а пота следуваше неверојатен пад во играта кој траеше до крајот на мечот. На полувреме домаќинките отидоа со предност од 19:16, а во вторите 30 минути беа уште пожестоки нанесувајќи му го вториот пораз на Вардар, по оној на домашен терен од Будуќност од пред седум дена.
Единствена расположена за надигрување во поразениот тим беше Андреа Пенезиќ која постигна 10 голови од 11 обиди.
Најефикасна ракометарка на теренот беше Ана Грос со 11 голови.
По овој пораз, Вардар го загуби лидерското место Групата 1 каде на чело на табелата изби Ференцварош со 14 бода. Вардар е втор со 13, а по нив следуваат Будуќност со 10 и натпревар помалку, Мец има 8, Турингер 5 и Астраханочка 2 (натпревар помалку).
– Срам ни е, бидејќи загубивме со толкава разлика. Од почеток до крај, со толку промашени зицери не можеш да победиш. Дадовме доста голови, 28, но примивме многу 42, што значи дека одбраната ни беше катастрофа. Мора да се разбудиме, има и вакви денови, но знаеме да играме, тоа го покажавме во претходните мечеви. Ако требаше да се случи, подобро сега да биде и да се разбудиме. Не е важно кој е противникот, туку како ние влегуваме во натпреварот. Најлошо е кога влегуваме со некој страв или несигурност, тогаш се случува нешто спротивно, вели Јованка Радичевиќ, десното крило на Вардар.