Албанското МНР одржа вонредна средба по повод изјавите на Иванов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Албанското министерство за надворешни работи на Албанија, во среда вечер, одржало вонредна седница по изјавите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за причините на недавање на мандатот на Зоран Заев за состав на новата влада со албанските политички партии.

Албанските медиуми кои се повикуваат на извори блиски на албанското МНР информираат дека на средбата се договорени наредните чекори кои ќе ги преземе официјална Тирана за најновите состојби во Македонија. Исто така, изворите наведуваат дека веќе имало и одредени контакти со меѓународниот фактор за како што се наведува за она што го кажа претседателот на Македонија Иванов. Се очекува и официјална реакција на албанското МНР.

Албанските медиуми нагласуваат дека Иванов дефинитивно ги дискриминирал Албанците во Македонија со своите ставови околу Платформата. Албанскиот печат најновите состојби во Македонија го пренесува на насловните страници додека пак електронските медиуми информациите за настанатата состојба во Македонија ја емитуваат во своите ударни термини. Притоа се наведува дека последните ставови на Иванов видно ќе влијаат на односите на Македонците и Албанците.