Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражувачи од Универзитетот Хокаидо во Јапонија креираа флекисбилен еколошки материјал кој е пет пати поцврст од челикот. Овој композит зацврстен со влакна е добиен со комбинирање на хидрогел со исткаени стаклени влакна и на тој начин се добива флексибилен материјал кој е неверојатно издржлив. Материјалот ќе има разновидна примена, но можеби најбитната е за изработка на вештачки лигаменти и тетиви.
Хидрогелот претходно се користел за различни намени од лекување рани до роботика, но до неодамна полимерите на хидрогеловите беа премногу меки затоа што се главно направени од вода. Затоа кога ќе се испреплетат со влакна се добива материјал кој не само што е поцврст од челик, туку е и навистина еколошки.
Иако е направен од вода и стакло, поради динамичната јонска врска меѓу влакната и хидрогелот се добива неверојатна издржливост. Тимот кој го креираше открил дека комбинацијата од гелот полиамфолит и стаклените влакна даваат ем елсатичен ем црвст материјал.