Масин во Белград: „Горе длабоко – долу високо“, перспективистичко пречекорување на границите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во периодот од 2.3.2017 до 25.3.2017 во Павилјонот Цвијета Зузориќ во Белград се одржува заедничка изложба на Стојан Ѓуриќ и Мирослав Масин, со наслов „Горе длабоко – долу високо“.

ДОЛУ ВИСОКО

Стојан Ѓуриќ останува долу до „самите нешта“, но неговиот поглед не е понирање во длабочината, не е потрага за лосос. Ѓуриќ се соочува со деталите, претходно воочени и согледани од високо. Тој поглед од високо, на
растењето на животот кој нема смисла во нешто друго, и кој не одредува ништо друго, сликањето на животот како самостојна сила, како хаос, покрај секој ред хармонија – ни ја покажа неговиот денешен циклус Hot line.

ГОРЕ ДЛАБОКО

Мирослав Масин, познатиот македонски сликар живее „таму каде што ветерот најостро дува“, во „пустите предели на Поларната мечка“, како што во песната
„Од високите планини“ вели германскиот мислител со заразно
здравје. Оваа волшебна висина открива присутност на сѐ во сѐ, нераскинливи
врски на постоењето, траењето, кое не е со разум сместено и организирано во ликови и нешта.

Владимир Ѓурѓевиќ