Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа се играше дербито во Чемпионшип, а Њукасл го победи Брајтон на гости и се искачи на врвот на табелата.
„Сино-белите“ имаа водство од 1:0 со голот на Мари од пенал, а потоа Њукасл израмни со исклучитепно среќен гол за кој денес зборува цела Англија.
Мохамед Диаме израмни на 1:1 во 81-та минута, и тоа откако една топка случајно се удри во неговата пета и заврши онаму каде што не можеше да брани голманот на Брајтон.
Целата ситуација уште побизарна ја направи дефанзивецот на Брајтон кој чекаше на гол линијата, но не успеа да спречи гол. До крајот гостите постигнаа уште еден гол во 89-та минута и ги освоија трите бода.