Среќа колку еден космос: Го чистеше автомобилот и си најде милион долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нормално, не во сув кеш, туку во форма на лото ливче. Старец од Австралија кој имаше толку голема среќа стана милионер кога чистејќи го својот автомобил си најде една година старо лото ливче кое било добитно со добивка од над еден милион долари.

Старецот го купил ливчето во јануари минатата година. Кога го пронашол ливчето ги проверил на интернет бројките и сфатил дека освои повеќе од милион долари, пишува ВВС.

„Мило ми е што не сум ги зел старите торби од автомобилот и не сум ги фрлил во ѓубре. Малку е глупаво што 414 дена сум заборавил на своето ливче. Но, не ми е криво што парите сум можел да ги имам една година порано. Барем ги имам сега“, изјави старецот од Нов Јужен Велс кој сакал да остане анонимен.

Шерил Такерман, сопственичка на киоскот во кој е продадено добитното ливче минатата година, вели дека сега конечно ѝ олеснало.

„Не би ми верувале да ви кажувам колку луѓе секојдневно доаѓаа и ме прашуваа дали е пронајден добитникот“, вели Такерман. Среќниот старец парите ќе ги вложи во отплата на куќи за своите деца и образование на своите внуци.