„Го ослободија од кафезот“: На познатиот ди-џеј му извршија евтаназија Швајцарија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанскиот ди-џеј Фабијано Антониани неколку дена после 40-от роденден замина во швајцарска болница, каде беше евтаназиран, во друштво на неговата вереница, мајката и неколку пријатели.

„Конечно дојдов во Швајцарија, но со мои заложби, не  со помош на државата“, изјави тој.

Антониани му пишуваше на италијанскиот претседател Серџо Матарели и бараше од него право на евтаназија.

„Претеседателе, сакам да умрам и не сакам веќе да страдам. Ми треба вашата помош“, порача во потресното видео тој, додавајќи дека се чувствува како во кафез.

Со оглед на тоа дека тешко зборуваше, неговата желба ја изговори вереницата Валерија. Фабијано тврдеше дека живеел со полни гради, работел како ди-џеј, возел мотор и патувал, а пред смртта бил слеп и тетраплегичар. Тој во 2014 година доживеа тешка сообраќајна несреќа.

„Не губев веднаш надеж, се обидував да се излекувам, пробував разни терапии. За жал, без резултати. Оттогаш сум во кафез, не сум депресивен, но веќе не гледам и не можам да се движам“, порача тој.