Прогноза за последниот февруарски ден


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


И последниот ден од февруари ќе измине во релативно добро време. Наутро во одделни котлини, особено долж повардарието ќе има појава на ниска облачност која до средината на претпладнето ќе се расчисти. денот ќе биде претежно сончев, со мала локална облачност.

Наутро температурата ќе биде во дијапазонот помеѓу 1 и 5 степени. Максималната дневна ќе биде во границите помеѓу 15 и 17 степени во западниот, односно помеѓу 16 и 20 степени во источниот крај. На повисоките места температурата ќе достигне до околу 12 степени.

Наутро во скопскиот крај се очекува тенок слој на ниска облачност, но поголем дел од денот ќе биде претежно ведар. Температурата ќе има минимална вредност околу 4, а максимална до околу 19 степени.