Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кривичниот совет ја прифатил жалбата на Специјалното јавно обвинителство за претресот во домот на поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски. Како што потврдуваат од СЈО, Кривичниот совет донел одлука дека претресот на домот на Грујевски бил законски.
Според СЈО, сега не постои никаква пречка доказите прибавени од претресот кај Грујевски да бидат употребени во постапката.
Претходно, за судот беше спорно зошто претресот бил вршен додека Грујевски бил во притвор. Горан Грујевски е осомничен во предметот Тврдина за уништување на системите за прислушуање и во предметот Тврдина 2, каде тој е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите.
Следното рочиште за овој предмет е закажано за на 13 март.