Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веста за тоа дека Доналд Трамп како член на американскиот Синдикат за актери (САГ) прима пензија од околу 110.000 долари годишно беше објавена уште пред две години кога во изборната кампања ги објави своите приходи.
Сепак, брзо се заборави се додека на неа не потсети добитникот на Оскар, Џорџ Клуни во интервју за францускиот „Канал +“.
– Трамп има 22 актерски појавувања во неговото портфолио и со самото тоа припаѓа на холивудската елита, рече Клуни откако водителот го праша за острите критики на актерката Мерил Стрип на сметка на Трамп на доделувањето на Златниот глобус, по што Трамп ја нарече Стрип „целосно преценета актерка“ и „дел од холивудската елита“.
Сепак, објавените податоци неспорно покажуваат дека и Трамп припаѓа на таа елита, со оглед на тоа што пензијата која ја добива од САД многу е поголема од просечна пензија на американски актер. Според пишувањето на списанието „Холивуд репортер“ таа изнесува 52.000 долари годишно иако овој податок е од 2007 година и можно е пензијата во меѓувреме малку да е зголемена.
Американскиот претседател пензијата ја има стекнато благодарение на ријалити серијата „Приправник“ и нејзината верзија со познатите личности „Познатиот приправник“. Таквите ријалити програми по правило не се земаат предвид за доделување на пензија, но тоа не се однесува на водителот, а токму таа улога Трамп со години ја извршуваше.
Покрај тоа, тој имаше неколку кратки појаувања во филмовите од кои можеби најпознато е оноа во филмот „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“ од 1992 година.
Претседателот не е единствен американски политичар кому Холивуд му обезбредува одлична заработувачка. Неговиот главен стратег Стив Банон има инвестирано во 1990 година во многу успешната серија „Сеинфилд“ од која и ден-денес собира тантјеми. Освен тоа, тој ја проба среќата како сценарист, но според зборовите на Џорџ Клуни, „шекспировски рап-мјузикл за немирите во Лос Анџелес во 1992 година доживеа неуспех.