Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Будуќност стави крај на серијата од осум победи, најдолга во клупската историја, во која се наоѓаа ракометарките на Вардар, откако во Скопје триумфира 28:31 во рамките на ЛШ.
Ракометарките на Вардар против големите ривалки одиграа лош натпревар, во кој само еднаш водеа, немаа решение за одбраната на ривалките, иако Будуќност во најголемиот дел од натпрварот немаше предност поголема од три голови.
Будуќност целосно го контролираше натпревар, а до големата победа ги предводеше Катарина Булатовиќ која постигна 14 голови, шест од нив во раната фаза на натпреварот.
Кај Вардар Андреа Пенезиќ беше најефикасна со шест голови, односно постигна гол повеќе од Александра Лакрабер.
Вардар и покрај поразот остана на лидерската позиција во Групата 1 со 13 бодови колку што има и Ференцварош, додека Будуќност е на третото место со 10 бодови.