Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ветеранот од Втората светска војна, 99-годишниот Орвил Роџерс, го победи на USATF Master Indoor неколку години помладиот тркач, 92-годишниот Диксон Хемфил.
Роџерс изјави дека победата на Диксон успеал да ја обезбеди така што за време на трката постојано си ја визуелизирал победата во својата глава. Објасни дека тоа е неговата техника на стимулација.
„Тренирав напорно и ја визуелизирав победата. Тоа е доста корисно, бидејќи ме насочува да ја остварам целта кон која сум се насочил“, вели тој.
Хемфил исто така е оптимист и вели дека смета оти може да го победи Роџерс доколку вежба доволно.
„Знам дека можам подобро. Постојат вежби и тренинзи кои не ги практикувам“, изјави Диксон.
Ова не е прв тркачки дуел меѓу Роџерс и Хемфил. Тие се запознаа на едно натпреварување уште пред пет години и како што велат, оттогаш имаат развиено „пријателско ривалство“.