Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За разлика од другите форми на контактни леќи и очила кои го засилуваат искуството на реалноста или ве „закачуваат“ на интернет, Sony со својот нов патент воведува револуција создавајќи контактна леќа која со едно трепнување на окото може да снима видео.
Да, вклучувањето и исклучувањето на камерата во леќата се контролира со трепнување на окото, а детекторите ќе препознаат дали станува збор за интенционално или неинтенционално трепнување. А меморијата е сместена во самата контактна леќа.
Пиезоелектричните сензори дозволуваат на движењето од окото да се полни батеријата на уредот.