Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пијан пациент тешко ги претепа болничарките во болницата во Голем Новогород, Русија.
Инцидентот го предизвика пијаниот 38-годишен маж кој дојде во болницата со расеченица на лицето после тепачка во едно локално кафуле. Камерата од чекалната во болницата го сними инцидентот во кој пијаниот маж, откако се разбесна, почна со боксови да ги тепа двете медицински сестри кои се здобија со тешки повреди.
Едната од нив заврши со потрес на мозокот на одделот за неврохирургија, додека другата на максилофацијална хирургија, каде беше констатирана скршеница на коска на лицето.
Пијаниот разбеснет маж повредил и еден работник од обезбедувањето на болницата, а подоцна се судри и со претставниците на полицијата кои го уапсија и сместија во притвор.