Прогнози: Кој го заслужува филмскиот Оскар, а кој навистина ќе го добие?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Останаа уште четири дена до доделувањето на најпрестижните филмски награди, популарните Оскари. Американските медиуми веќе со денови пишуваат за тоа кој ќе ја освои златната статуетка, а сега направија и листа со свои предвидувања и прогнози за тоа кој ќе ја добие најценетата награда.

Во категоријата за најдобар актер медиумите предвидуваат дека на ова 89-то доделување на Оскарите ќе блесне Дензел Вашингтон. Ова би му било трета статуетка во неговата колекција, а досега е номиниран седум пати.

Кога станува збор за најдобра актерка, се очекува дека Ема Стоун, благодарение на La La Land, ќе ја симне од тронот Натали Портман која ја играше Џеки Кенеди. Експертите сметаат дека на филмофилите им збоктиса да гледаат расплакани жени и дека мјузиклот носи повеќе радост.

Најдобар спореден актер се прогнозира да биде Махершала Али, но многумина сметаат дека поголема заслуга има Лукас Хеџис.

„Сите сфатија дека Али е талентиран и треба да биде меѓу првите во трката за Оскар, но невозможно е да не видите каков придонес имаше Хеџис за неговата силна улога во Manchester by Sea, каде глуми комплициран тинејџер исполнет со тага“, пишува USA Today.

Во врска со најдобрата споредна женска улога, пак, сите се согласни. Виола Дејвис требаше да земе Оскар за филмовите Doubt и The Help, но не зеде. Сега е нејзиното време.

Кога станува збор за режисерите, сите се приклонуваат кон тоа дека La La Land ќе ги освои симпатиите и овде, па на крајот од вечерта задоволно ќе се смешка Демијан Шазел. сепак, голем број луѓе сметаат дека наградата би требало да оди во рацете на Бери Џенкинс.

Многумина ги заболе галва од La La Land, кој е номиниран и во катеогријата за најдобар филм. Очекувано е дека ќе го собере оскарот, но Американците сметаат дека Hidden Figures повеќе заслужува Оскар поради спојот на драма, песни, танц и лекции од историја.