Опасна комбинација: Има лице на наивно девојче и тело на бодибилдерка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дваесетгодишната Јулија Винс од Русија го доби прекарот „Мускулестата Барбика“ бидејќи има лице на девојча, а тело на бодибилдерка.

Без многу тешкотии оваа девојка крева тегови од 180 килограми. Тренира од 15 години и редовно објавува фотографии и снимки на социјалните мрежи, привлекувајќи го вниманието на голем број луѓе и медиуми.

„Го избрав овој животен пат, а моето семејство не се противеше на тоа. Многумина ми велат да престанам да се занимавам со ова и да најдам вистинска работа, но ова е мојата љубов“, вели Јулија.

Киките на главата и големите мускули на нејзините раце за неокои луѓе се чудна комбинација, но многумина, пак, ја сметаат за идеална девојка.

Винс вели дека редовно вежба, а посветува и многу време на исхраната. Дневно јаде 5-6 помали оброци составени од пилешко, јајца, сирење, ориз и зеленчук. Сепак, понекогаш каснува и нешто што не е дел од предвидениот режим на исхрана.

Учествува и на натпревари и е една од водечките жени во кревање товар со неколку победи. Секогаш е нашминкана, бидејќи смета дека како и секоја жена, без оглед на тоа со што се занимава, треба да биде атрактивна. Имам момче, Сергеј, кој исто така се занимава со бодибилдинг.