Ако вашата лозинка се наоѓа на оваа листа, под итно менувајте ја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Компанијата Keeper направи истражување за 25-те најчесто користени лозинки во изминатата година, а во рамките на студијата беа анализирани над 10 милиони лозинки. 25-те најчесто користени сочинуваат 50% од сите анализирани лозинки, а истражувањето открива дека истите не се менувале во последните неколку години.

Речиси 17% од луѓето своите е-мејлови или други платформи ги „заклучуваат“ со лозинката 123456, открива истражувањето, а поразувачки е бројот на лесно пробивливи лозинки и сите оние кои ги користат се во сајбер опасност.

Постојат голем број причини зошто луѓето користат толку лесни за пробивање лозинки. Делумно тие се одраз на голема мрза, па дури и оние кои се обидуваат да прават комбинации (1q2w3e4r или 123qwe).

Друга е причината што тешките и комплицирани лозинки се тешки за памтење. Многумина се жалаат дека во денешно време мора да се изборат и со повеќе од стотина шифри за разни платформи кои треба да ги паметат, па се задоволуваат со лесно запомнувачки лозинки.

Еве ја листата со 25 најчесто користени лозинки во 2016 година.

1. 123456
2. 123456789
3. qwerty
4. 12345678
5. 111111
6. 1234567890
7. 1234567
8. password
9. 123123
10. qwertyuiop
11. 987654321
12. mynoob
13. 123321
14. 666666
15. 18atcskd2w
16. 777777
17. 1q2w3e4r
18. 654321
19. 555555
20. 3rjs1la7qe
21. google
22. 1q2w3e4r5t
23. 123qwe
24. zxcvbnm
25. 1q2w3e