Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Луѓето се воспитувани и навикнати кога ќе се најдат во некаква неволја веднаш да повикаат полиција.
Како и сите полициски службеници ширум светот, така и оние од Охајо се навикнаа луѓето да ги бараат за сè и сешто и секакви причини, дури и за нешто што не е во нивна надлежност, но се изненадија кога ги контактираше едно девојче на 10-годишна возраст и побара помош од нив за решавање на задача по математика.
Б.Џ. Грубер беше дежурен кога на Фејсбук полициската станица Мерион беше контактирана од страна на девојчето Лена Драпер.
„Имам проблем со задачата по математика. Може ли да ми помогнете?“, им пиша Лена.
Грубер потоа почна да разговара со неа и да ѝ помага во решавањето на задачата која содржеше собирање, множење и загради.
„Ги постигнуваме своите цели за да ги зголемиме довербата, транспарентноста и достапноста на граѓаните, но уште работиме и на проблеми од математика“, објави полициската станица покрај сликите од разговорот.
Овој потег ги воодушеви граѓаните од Охајо, но и од цел свет.
„Се надеваме дека нема сега да не преплавите со задачи по математика. Ова не го сметаме ништо поразлично од ситуацијата кога дете му приоѓа на полицаец на улица и бара помош од него. Фејсбук разговорникот е само верзија на интеракција на 21 век. Сепак, ги охрабруваме децата да комуницираат со родителите, наставниците, роднините и другите ученици пред да ни се обратат нам со вакви барања“, напиша Грубер.