Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џејми Фокс не запира со забава во Дубровник, каде ужива за време на паузите од снимањето на филмот Robin Hood: Origins.
Иако пред еден ден имаше непријатна ситуација со двајца дубровнички пијани расисти, кои после инцидентот беа уапсени и изведени пред суд, актерот продолжува со истражувањето и уживањето во Дубровник.
Фокс објави видео од вилата Шехерезада каде е отседнат додека ги снима сетовите за новиот филм.
„Се наоѓам во Хрватска, ова е лудило. Сум видел секакви срања, ама ова ме остави без здив. Доаѓам од Тексас, немојте да речете дека соништата не можат да се остварат. Ми дадоа и дворец“, порача во видео пораката славниот актер.