Зинедин Зидан го сака „босанскиот Зидан“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ова лето на Реал Мадрид му истекува забраната за регистрирање на фудбалери па сигурно ќе биде многу активен на трансфер пазарот.

Според пишувањето на италијанските и шпанските медиуми прва желба на Зинедин Зидан ќе биде „босанскиот Зидан“, односно Миралем Пјаниќ.

„Скај Италија“ тврди дека Зизу е заљубен во стилот на игра на Босанецот и сака по секоја цена да го види на „Сантиаго Бернабеу“ следната сезона.

Поради тоа шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е спремен за Пјаниќ да му го понуди на Јувентус Хамес Родригез или Иско.

„Реал Мадрид внимателно го следи Пјаниќ. Интересот е силен па во наредните неколку недели челниците ќе имаат средба со агентот. Реал е спремен да го понуди Иско или Хамес за да го добие потписот на Пјаниќ“, тврди шпанскиот новинар Албреда Дура.