Бидете внимателни: Корисниците на Gmail масовно наседнуваат на најлошиот “spam”


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Голем број на Gmail корисници наседнаа на опасна spam порака која во последно време кружи на интернет и е неверојатно уверлива.

Станува збор за порака на е-пошта која во себе содржи нешто што изгледа како PDF датотека, но всушност претставува обична слика која корисникот го води на страница која изгледа идентично како основната, почетна страна на Google пребарувачот. Дури и URL изворот е сличен, единствено по што веднаш можете да воочите дека станува збор за вирус е недостатокот на симболот кој означува дека станува збор за безбедна страница.

Кога еднаш ќе се логирате на тој спамиран линк, напаѓачот веднаш ги презема вашите кориснички податоци и ги напаѓа и таргетира понатаму и вашите контакти.

Од Google пренесуваат дека се свесни за овој проблем и дека работат на негово решавање, пишува Fortune.