Семјуел Џексон за „Ла ла ленд“: Одвај успеав да ги изглдам првите дваесет минути“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Холивудскиот актер Семјуел Л. Џексон, кој е член на Академијата за филмски уметности и наука, а со тоа и еден од луѓето што ќе гласаат за доделувањето на Оскарите, не го крие своето мислење за потенцијалните кандидати за златна статуетка.

„Успеав да погледнам само 20 минути од филмот што на сите им се допаѓа. Мислам, ги сакам јас Фред Астер и Џинџер Роџерс“, изјави актерот, галантно избегнувајќи да го именува филмот на кој мисли.

Џексон, кој е член на Академијата од првата номинација за Оскар за „Евтини приказни“ во 1995 година, не е воодушевен ниту од драмата „Манчестер покрај морето“. Тоа, според Џексон, е „делумно интересна приказна“.

„Би сакал ликот да се насмееше за нешто. Барем за нешто!“, рече актерот.

На Семјуел Л. Џексон му се допаднал филмот „Месечева светлина“, посебно глумата на Алекс Хиберт, Ештон Сандерс и Треванте Роудс, кои играат главни улоги во три различни временски периоди.