Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Писанието е статус од една лекарка од Босна и Херцеговина, која решила малку да си ја отвори душата и да ги извади на маса параметрите и бројките поврзани со медицината како академска наука и лекарската служба. Не е многу, поточно не е ич далеку и од нашата реалност. За жал.
„Мора да бидеш навистина одличен за воопшто да предадеш документи на медицински факултет. Па, потоа мораш да се избориш меѓу најдобрите за баш тебе да те примат. Па мораш да жртвуваш (во однос на другите факултети медицината буквално значи жртвување) вкупно осум години во најидеален рок и услови, без никакви потфрлања во студирањето, за да завршиш и да дојдеш до точка на која само си стекнал услов да конкурираш за специјализација и дури потоа да почнеш да се изградуваш како лекар. Ако си брилијантен, па сето тоа ти успее во идеален и регуларен рок, веќе имаш 26 години и не значи дека веднаш ќе добиеш специјализација. Не, нема да ја добиеш. Ќе поминат година, две, три, па и повеќе пред да ја добиеш. И тогаш, кога ќе ја добиеш специјализацијата, тогаш почнува повторно интензивно учење и тоа со интензивна работа, 3 до 5 години, а со оглед на тоа дека светот на медицината е воена хиерархија, повеќето ќе се изненадат ако тебе, како специјализант, ти падне на памет да воопшто проговориш нешто за работата или да дадеш свое мислење за било што. Да собереме, 26+5=31, и да повториме, ако си навистина брилијантен или некој брилијантно те ’турка‘ во учењето, сеедно…и добиваш работа како млад специјалист…е дури тогаш си на вистинскиот почеток, почнуваш да стекнуваш неопходно искуство, а ќе учиш до крајот на животот…бидејќи мораш. И бидејќи сакаш да си што подобар…и се очекува сето тоа сам да си го финансираш. Котизациите за било која едукација или конгрес се од 300 до 600 евра, без патни трошоци и сместување. Е сега си стана специјалист, најпосле, во своите 30-ти години, но…за работа како специјалист, во БиХ, основната плата е 1.500 конвертабилни марки (околу 770 евра), а со дежурства ќе можеш солидно да ја зголемиш таа сума, под услов да имаш многу дежурства, што значи да си уморен и нервозен човек и за себе и за семејството и за пациентите…во 40-те години од животот веќе ќе бидеш и болен…во 50-те поради здравјето веќе нема да можеш да дежураш , па повторно паѓаш на основната плата од 770 евра, на врвот од твоето знаење и после сите тие години учење и вложување…спроти себе имаш пациенти кои се незадоволни за нешта за кои главно ти не си виновен, ниту пак одлучуваш за истите. Пред себе и пред Бога имаш одговорност за луѓето кои ги лекуваш, таа одговорност ја носиш и дома, ја имаш и пред претпоставениот и пред законот, секако, и одговараш кривичн ако направиш грешка. Како специјалист, пред себе ја имаш и власта чиј однос кон лекарите е сликовито опишан во две реченици кои до гроб ќе ми одѕвонуваат во ушите:
’Што сакаат тие лекари?‘ и ’Не сум јас виновен што го одбрале тоа‘…не е важно кој и кога ги изговорил, но сликата е кристално јасна…се очекува хуманитарна работа и активност.
Секако, сето ова нема блага врска со магистрирањето или докторатот, кои се посебно паралелни, повеќегодишни студии со вртоглаво висока школарина, која во банка ќе ја враќаш со години. А тоа, кога ќе завршиш, месечно на платата ќе ти од 50 до 150 конвертабилни марки (25 до 75 евра). Толку за стимулацијата и развојот на науката. Затоа, иако навистина душата ме боли поради сите деца кои си заминуваат, мислам дека се во право што си заминуваат, било каде, некаде каде што тоа нивно животно вложување ќе им овозможи да бидат одлични, и финансиски адекватно наградени. Ќе им недостигаат сите наши, ќе ги боли, но ќе имаат подобра перспектива“.