Подметнати пожари и грабежи: Стокхолм го тресе хаос


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поголема група неидентификувани лица предизвикала безредија во кои биле подметнувани пожари и ограбувани локалните продавници во понеделникот ноќта во претежно мигрантската населба Ринкебју, во престолнината Стокхолм, пренесуваат шведските медиуми.

Безредијата започнаа околу 22,20 часот (по локално време), во населбата и во текот на вечерта беа запалени седум до осум автомобили. Полицијата работи на воспоставување на редот и безбедноста. За жал, во областа се случија и неколку грабежи на продавници. Обемот засега не е утврден, се наведува во соопштението што го објави полицијата на Стокхолм ноќта кон вторникот.

Во него се додава дека претходно во споменатиот кварт биле испратени полицајци и во текот на приведувањето на едно лице по кое се трагало, врз нив биле фрлани камења.

Поради тоа патролата била принудена да истрела предупредувачки истрели. Еден од полицајците е погоден со камен во раката, а сериозноста на неговата повреда не е утврдена, се додава во полициското соопштение.

Според извештајот на шведската телевизија SVT, бројката на учесниците во безредијата, исто така, не е проценета.

Триесетина, 40 или 50 луѓе. Некои избега, а други доаѓаа. Тешко е да се одреди точната бројност, изјавил за SVT портпаролот на стокхолмската полиција Ларс Бјорстрем.

Некаде по полноќ по локално време полицијата на шведската престолнина соопшти дека е воспоставен редот во квартот и оти во безредијата според достапните информации биле повредени две лица, од кои еден е сопственик на ограбена продавница. Двајцата настрадани самите се довеле до болницата, се додава.