Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арон Дојл, вработен во компанија која се занимава со изработка на врати и прозори објави снимка од безбедносните камери која на многумина им ги насолзи очите. На неа е снимен еден бездомник кој пресно е трајно примен на работа, откако го завршил пробниот рок во фирмата.
„Моментално живее во прифатилиште за бездомници во Вулверхемптон и буквално нема поседува ништо, но сака да си го врати својот живот“, напиша Арон.
На снимката се гледа моментот кога ја напуштил канцеларијата од шефовите каде му било понудено работно место на неопределено време.
„За мнозинството тоа не е нешто посебно, но мене ме освои со овој потег. Најдобриот дел е дека доби плата за првата одработена недела и доби постојана работа. Неговата реакција е непроценлива“, додава Арон.