Премиерлигаш плаќа 20 милиони за македонскиот „бомбардер“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После само седум месеци поминати во италијанската Серија А, македонскиот голгетер Илија Несторовски буквално ја „запали“ фудбалската јавност и го привлече вниманието на многу големи европски клубови.

Интересот за Несторовски не спласнува, а последните информации од италијанските медиуми говорат дека интерес за Македонецот покажува премиерлигашот Евертон кој во него гледа идеална замена за Ромелу Лукаку.

26-годишниот Прилепчанец оваа сезона има 9 гола на 25 настапи за Палермо, и најверојатно следното лето ќе направи чекор напред во кариерата, бидејќи покрај Евертон интерес за него покажуваат и неколку големи клуба од Италија и Шпанија.

Сепак, англиските медиуми тврдат дека интересот на Евертон е конкретен и дека „карамелите“ спремиле 20 милиони евра за неговиот потпис.

Менаџерот Роналд Куман е импресиониран од чувството за гол на Македонецот и сака да го има во својот тим за следната сезона.