Разведрување по тмурниот и дождлив викенд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Понеделник ќе биде ден без врнежи, по релативно тмурниот викенд. Јужната половина од земјата ќе биде претежно ведра, додека во северната половина од земјата претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне со тенденција на разведрување.

Наутро минималната температура ќе биде главно во дијапазон од 0 до 3 степени, а на повисоките места околу минус 2 степени. Долж повардарието ќе дува повремено умерен северозападен ветер.

Максимална вредност на температурата ќе биде во границите помеѓу 5 и 8 Целзиусови низ поголемите населени места во земјава, додека на југоисток температурата ќе достигне до околу 11 Целзиусови.

Поширокиот скопски регион очекува умерена облано време наутро и претежно ведро попладне. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневното температурно колебање ќе биде од минимални 1 степен до максимални 7 степени.