На вести си ја видел сопругата како ја апсат на едно „озлогласено“ место (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Игор Алексеев долго време не се сомневал во ништо слично за својата сопруга, сè додека една вечер не гледал телевизија и на вести ја препознал својата жена како е уапсена во бордел каде тајно работела како проститутка.

За време на полициска рација во бордел во руската репулбика Башкортостан, меѓу уапсените била и неговата сопруга Марија со која е (поточно беше) во брак осум години, пренесува The Mirror.

Откако се опоравил од шокот, Игор го изгуглал нејзиното име и наишол на информации дека таа нуди низа сексуални услуги, меѓу кои и „љубов за цела ноќ“ по цена од околу 200 евра.

Откако беше уапсена, парот веднаш се раздели. Игор го доби старателството над нивната шестгодишна ќерка, а сега се на суд бидејќи не сака Марија воопшто да го гледа нивното дете. Марија тврди дека Игор не заработувал доволно пари за издржување на семејството.

Освен судењето дали ќе може да си го гледа своето дете, Марија чека и обвинение за работа во бордел.