Австралија во војна со кенгурите: Планирано е убивање на повеќе од еден милион кенгури годинава


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Австралиските власти имаат во план оваа година да убијат повеќе од еден милион кенгури за да ги заштитат загрозените засади, дворишта, а и дивите животни, пренесува BBC.

Одредена група екологисти предупредува дека Австралија има сложен однос со кенгурите и дека убивањето на животните не е потребно. Медиумите наведуваат дека кенгурите во Австралија не се ништо ново со оглед на тоа дека само претходната година биле убиени над еден милион претставници на овој вид торбари.

Според податоците од истражувањето кое го направи Универзитетот за технологија од Сиднеј, само во 2016 година биле убиени скоро 1,6 милиони кенгури. Друштвата за заштита на животните жестоко реагираат и го критикуваат убивањето кенгури, предупредувајќи дека животните во изминатите години нелегално се убивани од земјоделците и ловците, со премолчено одобрување од властите.

Владата на Нов Јужен Велс смета дека во статистичките податоци кои се однесуваат на убивањето кенгури нема ништо спорно и дека тие се одржливи на долг рок. Критичарите предупредуваат дека властите погрешно се однесуваат кон кенгурите во смисла дека ги доживуваат како штетници, како и дека изговорите од типот на заштита на пченицата и околината не се никаков изговор за убивање на кенгурите.