Петочна и викенд прогноза


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако нема да биде сосема сончев, сепак петок ќе биде пријатен ден. Облачноста ќе биде мала, повеќе присутна наутро во јужниот дел од повардарието,а попладне во северниот. Ветерот ќе биде слаб.

Утрото, како и претходните – студено. Минималната температура ќе биде воглавно негативна и во границите помеѓу минус 5 и минус 1 степен низ котлините и околу минус 6 степени на повисоките места. Само јужно од демиркаписката клисура миниманата ќе има вредност за 1 до 2 Целзиусови степени над нулата.

Денот повторно релативно топол.  Максималната вредност на температурата ќе биде во границите помеѓу 9 и 13 степени низ поголемите населени места во земјава, додека на југоисток температурата ќе достигне до околу 14 степени.

Пошироката скопска околина очекува генерално ведро и релативно тивко време. Мало зголемување на облачноста ќе има околу пладне. Температурата ќе има минимална вредност околу минус 3, а максимална вредност околу 13 степени.

Прогнозата за претстојниот викенд ќе биде „водена“ од марфиевите закони. По сончевото време во текот на поголем дел од работната недела, за викенд се очекува облачно и релативно врнежливо време во текот на викендот.

Во сабота очекуваме постапено наоблачување. Претпладне врнежи ќе има во шарскиот регион и истите во повисоките предели ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе се прошират во поголем дел од северниот крај на земјава, во котлините и на пониските планини очекуваме дожд, а на повисоките планини снег.

Во недела претпладне врнежите одтануваат застапени во северната половина од земјата, но околу пладне ќе имаат тенденција на преместување кон југ. Од целиот викенд, попладнето во недела ќе биде најврнежливо.

Наоблачувањето ќе ги зголеми минималните вредности на температурата во недела, кога истите ќе бидат позитивни, но само до околу 4 до 5 степени над нулата.

Саботното утро се уште ќе биде релативно студено, со минимална слична на оваа од петочното утро.

Максималната температура низ котлините во сабота ќе биде воглавно во границите помеѓу 10 и 13 степени односно околу 15 степени на југоисток, а недела ќе биде посвежа во однос на сабота за околу 3 степени.