Порно вистини: Колку заработуваат порно ѕвездите и како изгледаат аудициите на црниот кауч


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Светот на порно индустријата, начинот на живот на порно актерките и актерите и нивната заработка се чести теми на размислување и љубопитност кои за луѓето делуваат како целосна апстракција. Сме чуле многу муабети и приказни за нивните плати, но вистински малку се знае колку заработуваат и како се избираат актерите и актерките за филмовите за возрасни.

„Заработката на порно ѕвездите е далеку од некој фиксен износ и обично зависи од тоа што се подготвени глумците да направат“, вели Дерек Хејс за Independent. Хеј е основач на агенцијата LA Direct Models која ги претставува водечките актери и актерки за филмовите за возрасни.

„Не мислам дека порно ѕвездите заработуваат толку колку што мисли јавноста“, вели тој. Дерек во младоста и самиот бил порно актер, а сега работата главно му се сведува на средување и водење евиденција за платите на своите клиенти.

A post shared by Pornhub (@pornhub) on

„Како некаков стандард може да се земе износ од 1.000 долари за актерка која снима сцена со еден актер, додека за снимање сцени со друга актерка би добила околу 700 долари. Платите можат да се повишат или снижат за 10-20%, зависно од тоа кој е актерот/актерката, нивниот агент и останати фактори“, објаснува Хејс.

Сепак, за некои сцени може да се заработи прилично повеќе, а тоа се ситуациите кога станува збор за сексуални чинови кои актерите и актерите дотогаш уште ги немаат изведено, како прв анален секс, прв секс во тројка, прв групен секс и слично.

Хејс потенцира дека најголемите суми за актерките дополнително растат ако некои од првите сцени ги сними со актер од црна раса, што некои кои не се дел од оваа индустрија го сметаат за навреда на расна основа. Иако некои луѓе тврдат дека заработките на порно актерките и актерите се во пад последниве неколку години, Хејс сугерира дека тие само стагнираат, а не опаѓаат.

Во светот во кој постојат голем број разлики меѓу платите на мажите и жените во истата индустрија, Хејс забележува дека во порно индустријата жените доживуваат позитивна „дискриминација“ – тие се главно повеќе платени од мажите.

A post shared by Pornhub (@pornhub) on

„Најголемите ѕвезди во оваа индустрија не заработуваат повеќе од половина милион долари годишно“, тврди тој. Хејс наведува дека порно индустријата доживеала големи промени поради зголемениот број на „стриминг“ сајтови, кои, според него, прилично наштетиле на порно индустријата. „Повеќето видеа на овие сајтови се украдени и можат да се гледаат бесплатно. Публиката е свесна за тоа и го користи тој момент“.

Кога станува збор за посакуваните карактеристики на актерите, Хејс истакнува дека се внимава на изгледот, возраста, ставот и однесувањето, но битна е мотивацијата и амбицијата. На прашањето како воопшто се бираат актерки и актери за снимање порничи, Хејс изјавува дека агентите во најголем случај ги наоѓаат на нивните веб страници и ги бараат.

„Аудициите на црниот кауч се ретки. Кастинзи во најголем број случаи не се одржуваат, туку агентите се запознаваат со девојките како на обичен разговор за работа. Не мора ништо освен да се здрави и во добра форма“, заклучува Хејс.