Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тимови на СЈО повторно влегоа во РЕК Битола, а еден тим влезе и во битолската млекарница. Извои на ТВ 24, доцна вечерва ја потврдија оваа информација. Се работи на два тима обвинители и извршители на СЈО, кои повторно влегле во битолскиот енергетски капацитет.
Од СЈО не откриваат детали со образложение дека се работи за предистражна постапка поврзана со наоди од прислушуваните разговори. Дали истрагата во РЕК е продолжение и надоврување на претходната или се работи за сосема нова истрага. Претходно, тимови на СЈО влегоа и извршија увид во документацијата на 5 октомври минатата година.
Претставници на СЈО со соодветна документација во рамките на нивните законски овластувања, беа во РЕК Битола. Како компанија им излеговме во пресрет да им обезбедиме се што е предмет на нивните потреби, рекоа тогаш од енергетскиот комбинат.