Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Четврток ќе биде третиот и последен ден од оваа релативно куса, но добредојдена серија денови со целосно ведро, односно сончево време. Денот ќе биде релативно тивок, односно без значаен ветер.
Утрото ќе биде повторно студено, со минимална температура која ќе биде негативна и во границите помеѓу минус 5 и минус 1 степен Целзиусов низ котлините и околу минус 8 степени на повисоките места.
Температурата во текот на денот ќе биде прилично пријатна, барем за февруарски услови. Максималната вредност ќе биде во границите помеѓу 9 и 12 степени низ поголемите населени места во земјава, додека на југоисток температурата ќе достигне до околу 13 степени.
Пошироката скопска околина очекува ведро и релативно тивко време. Температурата ќе има минимална вредност околу минус 4, а максимална вредност околу 12 Целзиусови.