Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија лани во декември евидентира 42.101 турист кои оствариле 81.060 ноќевања што претставува зголемување од 4,4 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, додека бројот на ноќевањата е зголемен за 4,7 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 5,3 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 11,2 процента. Бројот, пак, на ноќевањата на домашните туристи е намален за 4,6 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12,5 проценти.
Во периодот од јануари до декември 2016 година, во однос на претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,8 проценти, а кај странските за 5,1 процент. Бројот, пак, на ноќевањата пораснал за 2,8 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 3,6 проценти, а кај странските за 1,7 проценти.