Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новиот филм со Скарлет Јохансон се наоѓа на месец и пол пред својата премиера, а промотивната кампања за истиот се засилува со вториот трејлер кој беше денес објавен на интернет.
Филмското остварување е потпишано од режисерот Руперт Сандерс и сценаристите Џејми Мос и Ехрен Кругер.
Се базира на јапонскиот манга анимиран филм со исто име, од авторот Масамуне Широу. Во филмската екранизација улогите ги толкуваат Скарлет Јохансон, Мајкл Пит, Пилу Aсбек, Чин Хан и Жилиет Бинош.
Јохансон глуми агентка во антитерористичка сајбер единица која се соочува со напаѓачи на вредна технологија со вештачка интелигенција која сакаат да ја злоупотребат.
Премиерата е закажана за 31 март, оваа година.