Претседателот на Атлетико го понижи Јунајтед: Гризман нема да премине во помал клуб!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобриот стрелец и ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман нема да крајот на сезоната да го напушти „Винсенте Калдерон“ за да премине во Манчестер Јунајтед, тврди претседателот Енрике Серезо.

Меидумите веќе подолго време едногласно тврдат дека Гризман се договорил со „црвените ѓаволи“ и дека Јунајтед следното лето ќе ја активира откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.

„Манчестер Јунајтед? Тоа е мал клуб… Верувам во луѓето кои неодамна потпишаа нови договори, како што се Симеоне и Гризман. Антоан е голем фудалер, игра за голем клуб и го сака Атлетико“, изјави Серезо.

Гризман минатото лето потпиша договор со „јорганџиите“ до 2021 година, но Атлетико нема да се прашува ништо за трансферот доколку Јунајтед реши да ја активира откупната клаузула.