Запре дистрибуцијата на српски весници кај нас, МПМ им должи повеќе рати


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дневните весници од Србија од завчера не се дистрибуираат во Македонија поради долг на Медија принт Македонија (МПМ) кон српскиот дистрибутер Беоколп, јавуваат српските медиуми. Комерцијалниот директор на Беоколп, Драшко Ѓуриќ, за Унијата на новинари на Србија (УНС) изјави дека МПМ повторно не исплатила пари за дистрибуција.

МПМ на Беоколп не му исплатил три заостанати рати. Никогаш не је запираме дистрибуцијата кога исплатите малку доцнат, тоа не ни е практика, но ова веќе ја премина границата. Грдо е што не доведуваат во ситуација да ја прекинеме работата, но без тоа не би можеле да го наплатиме услугите, рече Ѓуриќ.

Тој додава дека српските весници нема да се најдат на продажните места во Македонија, најмалку до петок.

Дури и денеска да ни исплатат се, нема да стигнеме пред петок да организираме дистрибуција. Веруваме дека проблемот нема да се одолжи и дека наскоро ќе биде се по старо, вели Ѓуриќ. Од УНС велат дека се обиделе да добијат одговор од МПМ, но дека не одговарале на нивните повици.

Ова не е првпат Беоколп да ја сопре дистрибуцијата на српски весници во Македонија, Последен пат, во октомври минатата година, повеќе од десет дена српските весници не се дистрибуираа во Македонија.