Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младиот фудбалер на Баерн Минхен, Тимоти Тилман е на радарот на Барселона, па германските медиуми тврдат дека Каталонците веќе испратиле официјална понуда.
Станува збор за момче кое има само 18 години, игра за младинскиот тим на Баерн и ги воодушевил скаутите на Барселона, а експертите тврдат деке ќе биде идната фудбалска ѕвезда.
Тимоти има двојно државјанство, американско и германско, но игра за младите категории на Германија, а Баерн за него пред година и половина на Гројтер Фирт му плати половина милион евра.
„Билд“ пренесува дека Барселона испратила официјална понуда за овој талент, но не ја открива точната сума која ја понудиле Каталонците.
Сепак, Баерн ставил вето на трансферот бидејќи смета дека Тимоти преставува иднина на баварскиот клуб.
0-1 Timothy Tillman Goal HD – Atletico Madrid… by golgolgol1