Временска прогноза за оваа среда


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Северното струење и адвекцијата на нешто постуден воздух генерално ќе ги намалат на минимум условите за формирање на магла по котлините во среда.

Денот ќе го одбележи умрена облачност со повремени сончеви периоди. Ветерот ќе биде северен но со слаба јачина.

Наутро минималната температура ќе има воглавно позитивни вредности, помеѓу 1 и 4 степени. Мал исклучок, со минимална околу минус 1 степен, ќе биде пелагонискиот крај.

Очекуваме само мал температурен пад во однос на вторник. Низ поголем дел од котлините ќе има вредности во границите помеѓу 6 и 9 степени, а на  југоисток температура ќе достигне до 10 Целзиусови.

Скопскиот крај очекува претежно облачно време, со повремени сончеви периоди. Максималната температура нема да надмине 8 степени.