Видео: Леброн со неверојатен потег ја прекина серијата на Вашингтон!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шампионот Кливленд ја прекина низата од 17 победи на Вашингтон на домашен терен, додека Мајами славеше 11-ти пат во низа, што е најдолгата серијата оваа сезона.

Леброн Џејмс постигна неверојатна тројка со која го израмни резултатот на 120:120 и го однесе дуелот во Вашингтон во продолжение. Во дополнителното време Кливленд беше подобар и славеше со 140:135. Овој пораз е прв за Вашингтон на домашен терен по серијата од 17 победи.

Кевин Лав беше најефикасен кај Кливленд со 39 поени, додека Леброн постигна 32, на кои придодаде рекордни во кариерата 17 асистенции. На спортивната страна најефикасен беше Бредли Бил со 41 поен.

Мајами, на изненадување на многумина, ја продолжи својата победничка низа. Жешките, предводени од Горан Драгиќ, против Минесота славеа 115:113 и ја забележаа 11-та последовна победа. Словенецот на овој меч постигна рекордни во кариерата седум тројки и со 33 поени го предводеше својот тим. Два поени повеќе за Минесота постигна Карл-Ентони Таунс.

Резултати:
Индијана – Оклахома 93:90
Њујорк – Лејкерс 107:121
Вашингтон – Кливленд 135:140
Атланта – Јута 95:120
Детроит – Филаделфија 113:96
Торонто – ЛА Клиперс 118:109
Минесота – Мајами 113:115
Њу Орлеанс – Феникс 111:106
Мемфис – Сан Антонио 89:74
Сакраменто – Чикаго 107:112