Дабово пенкало полно со 275 години стар коњак – дознајте ја цената на овој луксуз


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот луксузен бренд „Montegrappa“ и полската компанија „Wealth Solutions“ ги здружиле силите и креирале луксузно пенкало што е наполнето со 275 години стар коњак и претставува најстариот коњак што некогаш е продаден на аукција.

Покрај престижниот пијалак што го содржи, ова пенкало е изработено од чист даб, а декорирано е со мотивите на грозјето.

Златната верзија на ова пенкало е изработена од 100 проценти злато и неговата цена е 17.712 долари, додека неговата сребрана верзија е по цена од 5.904 долари.