Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ана Викторија е личен тренер и фитнес експерт, која има 1,3 милиони следбеници на Instagram. Но, истите не ги добила така лесно, туку со напорна работа. Таа постојано објавува постови во кои искрено објаснува што е она што треба да направиме за да го доведеме телото до совршенство.
Најверојатно веќе сте ја запознале благодарение на нејзината искрена фотографија за тоа како изгледа додека стои и додека е во седната положба.
– Ги сакам и двата изгледи, напишала во опис на фотографијата.
Викторија неодамна во интервју за магазинот „Insider“ ги сподели двете најголеми грешки кои што ги правиме во периодот додека вежбаме.
Прво: Не верувајте во тоа дека треба да јадете помалку за да имате резултати
– Една жена редовно вежбаше додека доеше, но беше фрустрирана бидејќи не гледала никакви промени во нејзиното тело. Излезе дека проблемот е во тоа што јадела само 1.800 калории на ден, тоа е половина од она што му треба на нејзиното тело, со оглед на нејзината висина и тежина, активност и факт дека доеше. Еден од најголемите митови е тоа дека треба да јадете помалку за да имате резултати. Кога се храните здраво, често треба да го зголемувате бројот на здравите продукти со цел да се исхранувате како што треба според вашиот тренинг, изјавила Викторија.
Таа советува дека е подобро да јадете 100гр спанаќ, отколку 100гр паста. Разликата е во тоа што 100гр спанаќ има само 21 калорија, додека пастата има 588 калории. Па затоа, по тренинг добро е да се најадете и да внесете здрави продукти.
– Често работам со жени кои се исплашени од тоа да не јадат многу, бидејќи ја гледаат количината на храната, а не придобивките. Кога ќе ги советувам да јадат количински многу, но здрави намирници, тогаш се воодушевени од резултатите и ми велат „Никогаш не мислев дека можам да јадам и да оформувам тело“, додава Викторија.
Второ: Не верувајте во митот дека ако кревате тегови ќе ви се зголемат мускулите.
– Многу жени се исплашени да креваат тегови, затоа што мислат дека ќе им пораснат мускулите, но ова не е вистина. Би рекла дека 98% од жените нема да направат мускули освен ако не им е тоа целта цели пет години и се на специфична исхрана. Не се случува тоа на секоја една жена која вежба, смета Викторија.
Жените природно произведуваат помалку тестостерон, хормон кој игра голема улога во градењето на мускули, од мажите. Па, не треба да се грижите дека ако кревате тегови ќе личите на некој билдер.