Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Клубот Snctm во Лос Анџелес е еден од најексклузивните елитни секс-клубови за богати и славни. Членовите мора да склопат крвна заклетва за да се придружат на клубот, а плаќаат околу 60.000 фунти годишно за неограничено да уживаат во елитните оргии.
Овој секс клуб сега ги отвори вратите и за пообичните „смртници“, па за цена од 2.000 евра можете да ги испробате нивните „услуги“. А да, цената е за една ноќ. За мажите сумата е малку пониска ако доведат и партнерка, а за жените влезот е бесплатен.
Новинарката од New York Post, Хедер Хаусвирт, доби шанса од прва рака да види како изгледаат забавите во Snctm. Таа беше една од 99-те гости кои гледаа две претстави: секс во тројка и секс шоу со голтачи на оган.
„Околу нас се движеа главно жени, модели, млади професионалки, глумици и асистентки во предизвикувачка облека и го привлекуваа вниманието на постарите мажи во костими“, опишува Хедер. Освен девојки во кожа и чипка, можеле да се видат и такви кои биле облечени како животни, па една на лицето имала маска со свинска рилка и уши.
„Маж кој самиот себеси се претстави како Банимен (Bunnyman) облечен во црна кожена маска и зајачки уши на присутните им покажуваше различни јапонски техники на врзување на возбудените жени кои седеа на златен стол“, додава Хаусвирт дополнително откривајќи дека гостите можат слободно да разговараат и да флертуваат, но и нешто повеќе да прават, ако имаат желба за тоа.
„Во еден момент дадов комплимент на една бујна плавуша која носеше црни сатениски гаќички и немаше чевли. Дали се вистински?, прашав мислејќи на градите на кои им се восхитував, а така ми кажа дека се од Франција. Подоцна таа вечер ја гледав ако орално задоволува млада плавуша со вештачки трепки на сребрен кауч. Кога заврши ја прашав дали често доаѓа таму“, раскажува новинарката. Девојката открила дека неколку пати била таму дотогаш.
„Јас сум лезбијка, па ова што се случува овде според мене е прекрасно“, рекла девојката, откривајќи дека мажите редовно ја терале да се секса со нивните сопруги.
Основач на Snctm е Дејмон Лонер, 45-годишен татко на две деца. Во 2013 го отворил клубот, а целта му била на луѓето да им пружи можност да ги истражат своите примарни потреби. Ниту тој, ниту неговите вработени не учествуваат во сексуалните активности.
„Уживам да бидам воајер“, признава сопственикот на клубот во кој неретко можат да се најдат и славни фаци – холивудски актери, пејачи и други познати ликови. Еднаш месечно се одржува забава под маски, на која редовно доаѓаат најголемите ѕвезди.
Гвинет Полтроу, на пример, на својот блог Goop редовно ги рекламира овие забави, а медиумите пишуваат дека и самата има учествувано на луксузните секс забави. Наводно и самиот Дејмон потврдил дека таа доаѓала во неговиот клуб со партнерот, режисер и продуцент Бред Фалкук.